Драги Колеги

Задоволство ми е да ве поканам за учество на 6-тиот Македонски Психијатриски Конгрес со меѓународно учество ”Психијатријата и менталното здравје во 21-иот век” кој ќе се одржи во Охрид од 23-ти до 27-ти мај 2018 год.

Веруваме дека градот Охрид, извориштето на нашата култура, духовност, но и на почетоците на третман на луѓето со ментални растројства е вистинско место да се собереме заедно со психијатрите и другите професионалци од полето на менталното здравје од регионат и ширум светот и да ги измениме искуствата и знаењата во врска со предизвиците пред кои е исправена психијатријата и менталното здравје на почетокот на 21-иот век.

Сите пленарни сесии и симпозиуми ќе бидат на Англиски и Македонски јазик со обебзеден симултан превод.

Претседател на ПЗМ
Проф. д-р Димитар Боневски